НЕ РЕСПЕКТИРААТ, НО ЌЕ ОДАТ НЕ СЕ ИЛИ НИШТО

Србите со сите сили ќе “удрат“ по Македонија

По поразот од Португалија, репрезентацијата на Србија во Македонија гледа шанса да остане во игра за пласман во следната фаза на Европското првенство во Полска. 

објавено: 18 јуни 2017 - 18:00

Репрезентацијата на Србија со пораз го отвори Европското првенство во Полска. Нашиот северен сосед, кој воедно е следен противник на селекторот Боби Милевски и неговите избраници, на стартот беше поразен од Португалија со 2-0 и се најде во тешка ситуација, пласманот во следната рунда по овој дуел стана тешко остварлив.

И покрај ова Србите не губат надеж, шансата за враќање во игра ја гледаат токму на дуелот со Македонија. Со победа над нашите момци, веруваат дека ќе можат да ја урнат и силната Шпанија.

„Не очекува доста тежок натпревар, премногу се истрошивме на дуелот со Португалија. Но, се надевам дека ќе ја победиме Македонија и ќе ги вратиме шансите за пласман во полуфиналето", изјави за Немања Максимовиќ.

Србија и Македонија играат во вторник со почеток во 18 часот.

 

 

 

Најново во Фудбал