Одлична контрола пред мечот со Шпанците

Турција на пат за Скадар, на 5. јуни ќе и биде спаринг-партнер на Македонија

Реномираната репрезентација на Турција ќе ни дојде на гости во Скопје на 5. јуни и ќе игра против Македонија, а пријателскиот тест-меч ќе ни биде одлична контрола пред квалификацискиот дуел со Шпанија на 11. јуни

објавено: 15 мај 2017 - 16:47

Реномираната репрезентација на Турција ќе ни дојде на гости во Скопје на 5. јуни и ќе игра против Македонија, а пријателскиот тест-меч ќе нио биде одлична контрола пред квалификацискиот дуел со Шпанија на 11. јуни.

Во составот на Турција најголема звезда моментно е Арда Туран од Барселона, но има уште дузина исклучително квалитетни играчи. Тие ќе играат со Косово во Скадар исто така на 11. јуни, па и за нив пријателскиот натпревар со Македонија ќе биде добра проверка.

Досега имаме одиграно 7 натпревари против Турција и имаме биланс од една победа и реми и 5 порази. Во 1994 и 1995 година двапати загубивме во пријателски натпревари, со 0:2 и 1:2, а потоа следеа поважните мечеви. Во квалификацискиот циклус за Мундијалот во 2002 година дома загубивме со 1:2, а на гости ремизиравме со 3:3. Тие два меча се играа во 2001 година.

И во следниот циклус квалификации, но за ЕП 2004, бевме во група со Турците и претрпевме два порази. Во октомври 2002 беше 1:2 за гостите до Турција, а потоа не победија и на свој терен со 3:2. 

Единствената победа во седумтте меѓусебни дуели ни е од 2006 година, кога во пријателски меч бевме подобри и славевме со 1:0 на гостински терен.

По цели 15 години Турците повторно ќе ни дојдат на гости, што е шанса да ја забележиме втората победа против нив, како добра подлога за атак на подвиг против Шпанија.

Најново во Фудбал