Тренерот на македонскиот шампион очекува нов тежок меч

Седлоски: Без калкулации, одиме на победа против Малме

„Утре не очекува сосема поинаков меч, многу потежок од првиот. Кој и да излезе на терен верувам дека ќе даде се од себе за да оствариме резултат кој не води понатаму. Имаме активни, 1:1 од првиот дуел, меѓутоа сега не очекува нов предизвик, уште потежок од тој во Шведска, вели Гоце Седлоски пред утрешниот реванш меч меѓу Вардар и Малме во Струмица. Влогот е голем и значи пласман во третото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите

објавено: 17 јули 2017 - 17:52

„Утре не очекува сосема поинаков меч, многу потежок од првиот. Кој и да излезе на терен верувам дека ќе даде се од себе за да оствариме резултат кој не води понатаму. Имаме активни, 1:1 од првиот дуел, меѓутоа сега не очекува нов предизвик, уште потежок од тој во Шведска“, вели Гоце Седлоски пред утрешниот реванш меч меѓу Вардар и Малме во Струмица.

Влогот е голем и значи пласман во третото квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите.

„Противникот сигурно ќе направи се за да успее да постигне гол и да дојде до добар резултат. Ние секогаш одиме да играме и да победиме, со таква амбиција ќе влеземе и на овој натпревар. Тоа беше само едно полувреме од овој двомеч, сега следува уште едно, во кое што влегуваме максимално подготвени и концентрирани. Сега подобро го познаваме со противникот после мечот во Малме. Верувам дека грешките ќе бидат отстранети и дека ќе одиграме еден добар натпревар, и ќе дадеме се од себе да ја израдуваме оваа публика која ќе дојде во Струмица", рече Седлоски.

Реваншот почнува во 18 часот и се игра утре на стадионот „Младост“ во Струмица.

Најново во Фудбал