Денеска е ждрепката за 3. коло во квалификациите за ЛШ и ЛЕ

Точно напладне Вардар го чека евентуалниот ривал во третата рунда за ЛШ, еден час подоцна е ждрепката за ЛЕ

Шкотскиот гигант Селтик и познатиот поранешен ривал Бате Борисов се меѓу најреномираните евентуални ривали на Вардар на денешната ждрепка за третото квалификациско коло на патот кон Лигата на шампионите. Ќе се влече во Нион точно напладне, а еден час подоцна и Шкендија и Работнички ќе ги дознаат евентуалните противници за третата рунда во Европа Лигата

објавено: 14 јули 2017 - 10:40

Шкотскиот гигант Селтик и поранешниот ривал во квалификациите за ЛШ Бате Борисов се меѓу најреномираните евентуални ривали на Вардар на денешната ждрепка за третото квалификациско коло на патот кон Лигата на шампионите. УЕФА ги одреди петте можни ривали на Вардар.

Ќе се влече во Нион точно напладне, а еден час подоцна и Шкендија и Работнички ќе ги дознаат евентуалните противници за третата рунда во Европа Лигата.

Секако услов е нашите екипи да ги елиминираат своите ривали Малме, Хелсинки и Динамо Минск на 18. и на 20. јули.

Можни ривали на Вардар се: Селтик/Линфилд, ФК Копенхаген/Жилина, Бате Борисов/Алашкерт, Легија/Мариенхајм и Марибор/Зрински. Секако, ако тие ги минат своите противници во втората рунда.

Сепак прво треба да се елиминира Малме, па да се мисли на следниот противник.

Шкендија и Работнички ќе бидат носители на ждрепката за ЛЕ од 13 часот.

Можни противници на Шкендија се: Норчепинг/Тракаи, Габала/Јагелонија, Слован/Лингби, Штурм/Младост, Осиек/Луцерн.

Можни ривали на Работнички: Железничар/АИК, Остенде, Тренчин, Бнеи Јехуда, Корк сити/АЕК Ларнака, Валур/Домжале, Лиепаја/Судува

Најново во Фудбал