Позитивно одговорија на молбата на Зенит

Вардар ќе тренира на „Петровски“ за да се зачува тревата на „Крестовски“

Раководството на Вардар ја прифати молбата на челниците на Зенит, официјалниот тренинг да го одржат во среда навечер на стариот стадион „Петровски“ за да се зачува тревникот на еден од најмодерните спортски објекти „Крестовски“, на кој во четврток ќе се игра дуелот меѓу двата клуба во рамките на Европа Лигата 

објавено: 21 ноември 2017 - 16:30

Раководството на Вардар ја прифати молбата на челниците на Зенит, официјалниот тренинг да го одржат во среда навечер на стариот стадион „Петровски" за да се зачува тревникот на еден од најмодерните спортски објекти „Крестовски", на кој во четврток ќе се игра дуелот меѓу двата клуба во рамките на Европа Лигата.

Експедицијата на Вардар ќе отпатува за Санкт Петербург во среда, а вечерта истиот ден ќе го има единствениот и официјален тренинг пред дуелот од петтото коло во Л групата против Зенит.

Првиот меч меѓу двете екипи на 14.септември во Скопје го доби рускиот состав со 5:0, а тоа беше прв натпревар за Вардар и воопшто за македонска екипа во фаза по групи во европските купови.

Најново во Фудбал