ШАМПИОНОТ ЌЕ ИМА ДВА ДЕНА ДА СЕ НАВИКНЕ НА ТЕРЕНОТ

Вардар пристигна во Струмица

Македонскиот првак ќе биде домаќин на Малме на стадионот „Младост“

објавено: 16 јули 2017 - 18:12

Македонскиот фудбалски првак Вардар пристигна во Струмица, градот каде принудно ќе биде домаќин на реванш средбата од квалификациите во Лигата на шампионите против Малме. „Црвено-црните“ имаат позитивни 1:1 против фаворизираниот шампион на Шведска.

Стадионот „Младост“ ќе биде местото каде Вардар во вторник, од 18 часот ќе го игра возвратниот дуел. На нашиот првак доволно му е да одигра и без погодоци, за да помине понатаму. На гостувањето во Малме, вардарци покажа дека не се плашат и дека може да го поминат овој противник. 

 

Најново во Фудбал