МОЖЕ ЛИ „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ ДА ИМААТ ПОДДРШКА И НА ГОСТИ

Вардарци ајде сите во Малме! Авионски билет за само 1.500 денари

Македонскиот првак, првиот меч од квалификациите за Лигата на шампионите ќе го игра на гости во Шведска

објавено: 19 јуни 2017 - 13:50

Вардар го доби Малме во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, на денешната ждрепка во Нион. „Црвено-црните“ ќе бидат гости на првиот меч кој ќе се игра на 11 или 12 јули, додека реваншот е на 17/18 јули пред навивачите на Вардар.

Вардар со години чека да се израдува на европска победа и поминување на едно коло од квалификациите. Малме е опасен противник, не смее да се потцени, но нашите играчи не треба ни да се уплашат. Македонскиот првак би можел да има и поддршка на гостински терен во Малме. 

Нискобуџетнта авионска компанија „Виз ер“ нуди директни летови од Скопје до Малме. Според сегашната состојба, доколку мечот се игра на 12 јули, авионски лет има токму за тој датум од Скопје кон шведскиот град. Болетот во еден правец чини само 1.499 денари. Ако мечот сепак се игра на 11 јули, тогаш авиобилет има за 9 јули и тој исто така чини 1.499 денари.

Финансиски проблем би можел да претставува билетот за враќање. Авионскиот билет од Малме за Скопје е 14.499 денари и тоа за 13 јули, односно само со едно спиење во шведскиот град. За еден ден подоцна ако се резервира, односно за 14 јули, билетот е 10.699 денари.

Малме е далеку, но секој оној кој е навивач на Вардар и може да одвои околу 250 евра од својот буџет, има шанса да ги бодри „црвено-црните“ и на гостувањето во второто коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. 

Најново во Фудбал