НАШИТЕ КЛУБОВИ НЕ ИЗРАЗИЛЕ ПОДГОТВЕНОСТ

ДЕФИНИТИВНО: Без македонски тим во втората АБА-лига

Ниту еден македонски клуб во моментов не е сериозно заинтересиран да биде учесник во втората АБА лига. Денеска на пладне беше крајниот рок во кој МКФ требаше да го извести регионалното натпреварување кои наши екипи сакаат да бидат дел од оваа лига.

објавено: 13 јули 2017 - 13:55

Ниту еден македонски клуб во моментов не е сериозно заинтересиран да биде учесник во втората АБА лига. Денеска на пладне беше крајниот рок во кој МКФ требаше да го извести регионалното натпреварување кои наши екипи сакаат да бидат дел од оваа лига.

Клубовите ги добија условите кои се потребни за влез во лигата која најверојатно ќе биде официјализирана за десет дена, и треба да почне уште есенва.

Ако АБА 2 почне да функционира уште од претстојната сезона, во неа ќе нема македонски клубови. Доколку сепак не тргне лигата оваа есен, туку наредната, тогаш големи се шансите во сезоната 2018/2019, во тоа друштво да има два македонски тима.

Инаку, повеќе од 20 клуба од регионот имале интерес за настап во новата лига. Секако тие ќе мора да исполнат одредени услови како финансиска стабилност, квалитет на играчкиот кадар, традиција на клубот, резултати во последните неколку години, итн.

Идејата на луѓето задолжени за оваа проблематика е од секоја земја која има АБА лигаш, во втората АБА да има по два тима, што значи дека второстепената АБА би имала 12 учесници во својата прва сезона. За жал, Македонија нема да го искористи правото, бидејќи нашите клубови не изразија подготвеност да влезат во втората АБА, и приоритет им се други натпреварувања.


Најново во Кошарка