КОЈ ЌЕ ИГРА ВО „СКРАТЕНАТА" АБА ЛИГА

Македонија има едно гарантирано место, МЗТ ќе се бори за второ

Во 17 сезона од постоењето во регионалната лига ќе учествуваат 12 клуба кои ќе се борат за што подобар коефициент...

објавено: 18 јуни 2017 - 13:20

Иако тоа беше јасно и од порано, сега е и официјално. Канцеларијата на АБА Јадранската лига ги објави имињата на 12. клубови учесници во регионалното натпреварување за сезоната 2017/2018.

Како што е договорено уште во мај, во 17 сезона од основањето на лигата ќе се натпреваруваат 12, а не 14. клубови каков што беше случајот досега, односно во изминатите неколку сезони.
Согласно договорот, Србија и Црна Гора како земји со најдобар коефициент од завршената сезона, добија по еден претставник плус за наредната во основ на основната поделба коај вели дека:
Србија и Хрватска имаат по три клуба, а Словенија, БиХ, Црна Гора и Македонија по еден претставник.
Малку поинаку кажано, за сезоната 2018/2019 резервирани се само десет места. Оние последни две АБА лигата ќе им ги додели на земјите кои ќе имаат најдобар рејтинг, односно коефициент.


Тоа значи дека нашиот шампион, МЗТ Скопје самиот ќе се бори за што подoбар сопствен резултат, но и клупски рејтинг во обид во некое наредно време повторно да добиеме и втор учесник во регионалната конкуренција.
Инаку, евидентен е огромниот пад кој го бележат клубовите од Словенија. Една од нив, како Крка, нема да ја гледаме во следното издание, заедно со нашиот Карпош Соколи, кој испадна „жртва" на ова своевидно „кратење" на лигата од 14. на 12. клубови учесници.
Тоа се двата клуба кои во однос на лани нема да бидат дел од селднтоо издание во кое Словенија „падна„ на само еден свој претставник – Унион Олимпија.
Инаку меѓу овие 12 клубови проектирани за сезоната 2017/2018 се наоѓаат пет поранешни и еден актуелен шампион. Нема ниту еден дебитант, а загрепска Цибона и љубљанска Унион Олимпија и понатаму остануваат клубови кои ги одиграле сите сезони во оваа регионално натпреварување од основањето.


Што се однесува до „проодноста" во Европа, останува иста. Шампионот ќе обезбеди пласман во Евролигата, а поразениот финалист, и двата полуфиналисти во Еврокупот.
Имаше најави дека од следната сезона регионалната лига би можела да го врати форматот крајот да се игра на еден завршен турнир - фајнал-фор.
Но се остана само на тоа.
Засега не се објавени ниту термините за почетокот на лигашкиот дел, ниту пак за плеј-офот. Се знае дека во доигрувањето одат четирите најдобро пласирани тимови по 22 одиграни кола, и тоа дека последнопласираната екипа ќе се прости со правото за настап во сезоната 2018/2019.
Во онаа која следува од есен, се следните екипи учесници: Црвена Звезда, Партизан, Мега Лекс, ФМП (Србија), Цедевита, Цибона, Задар (Хрватска), Будуќност, Морнар (Црна Гора), У. Олимпија (Словенија), Игокеа (БиХ), и МЗТ Скопје Аеродром (Македонија).

 

Најново во Кошарка