ПО ИСКАЖАНИТЕ НАВРЕДИ НА СМЕТКА НА РЕГИОНАЛНАТА ЛИГА

ОФИЦИЈАЛНО: Соколи доби пет години суспензија од АБА

Ова го решија челниците на лигата, на денешното Собрание

објавено: 24 јули 2017 - 21:01

Екипата на Карпош Соколи е казнета со пет години суспензија за настап во регионалната АБА лига, одлучи Собранието на регионалното натпреварување. На Собранието било констатирано дека Соколи ги прекршиле членовите 70,3 и 70,4 од правилнокот на АБА лигата, поради непристојните коментари на претседателот на клубот, Огнен Дедиќ. 

„Поради сериозноста на престапот, клубовите на АБА донесоа одлука екипата на Карпош Соколи да биде казнета со дополнителна петгодишна забрана за настап во сите натпреварувања, организирани од АБА лигата“, стои во соопштението на АБА лигата. 

Претходно македонскиот вицепрвак беше казнет и со 12.000 евра парична казна, поради навредливите коментари на првиот човек на клубот, Дедиќ. 

Најново во Кошарка