„ЦИБОСИТЕ" САКАА И ДОБИЈА ПОЗНАТО ТРЕНЕРСКО ИМЕ

Пикси – нов тренер на Цибона

Наследникот на Дамир Мулаомеровиќ - е „ученикот" на Лазар Лечиќ, Слободан Суботиќ

објавено: 17 јуни 2017 - 17:35

Не останаа долго „волците од Тушканац" без свој предводник. За многу кратко време откако добија негативен одговоро за продолжување на соработката со досегашниот прв тренер, Дамир Мулаомеровиќ, раководството на „цибосите" реагираше со именување на уште едно познато име на овие простори на некогашнатата држава.

Го именуваа Слободан „Пикси" Суботиќ за нов шеф на стручниот штаб.


Суботиќ потпиша двегодишен договор со славниот хрватски клуб, но со можност истиот да биде продолжен на уште една година, се наведува во соопштението на Цибона на официјалниот сајт.
Суботиќ во Грција викан „Лефтерис“ , кој ја турка 60. година од животот најголемиот дел од својата играчка кариера го помина како играч на љубљанска Олимпија и солунски Арис (како близок соработник со нашиот тренерски маг Лазар Лечиќ),својата тренерска кариера ја почна во сезоната 1994/95. А досега бил тренер на екипи како АЕК, ПАОК, Панатинаикос, Олимпијакос, Цедевита, додека пак во Загреб се враќа од Ал Ријад.

Најново во Кошарка