Ќе се чека одлуката на Собранието на АБА

Тргнува Втората АБА лига, уште од оваа есен!?

На состанокот во Белград, претседателството на АБА лигата ги анализирало и предвидело сите следни чекори кои се потребни за старт на второто натпреварување, кое доколку почне, најверојатно ќе биде без учество на македонски клубови

објавено: 16 јули 2017 - 19:59

Две недели по неофицијалната најава за стартување на уште едно натпреварување во организација на „АБА лига ЈТД", на состанокот на претседателството и менаџментот одржан денеска во Белград, одлучено е да се почне со реализација на проектот кој би имал силно влијание на развојот на кошарката во регионот.

Врз основа на веќе пристигнатите пријави, претседателството на АБА лигата констатираше дека има силен интерес и потреба на сите кошаркарски субјекти во регионот за покренување на Втора АБА лига. Заедно со заклучокот дека се работи за проект кој ќе има силно влијание за развој на кошарката, Претседателството на АБА лигата ги анализираше и ги предвиде сите неопходни чекори кои е потребно да се направат како истата би почнала со сезоната 2017/2018. И дека истите ќе бидат разгледувани на наредното Собрание на АБА лигата, кога ќе биде донесена и конечната одлука по тоа прашање"- пишува во соопштението на АБА лигата.

Претседателството на лигата истакна дека подготовките за организација на турнир за млади категории (под 19 години) течат според планираното, каков што е и склучајот со Суперкупот во Бар.
На основ на предлот и плановите на менаџментот, претседателството на АБА лигата констатираше дека се предвидени сите активности кои е потребно да се спроведат, се со цел за адекватна подготовка на сезоната 2017/2018 и подигнувањето на квалитетот на натпреварувањето.

„Во тој дух, Претседателството и менаџментот на АБА лигата одржаа состанок со Судиската комисија и го анализираа текот на спроведување на одлуките на Собранието на АБА лигата кои имаат за цел константно подигнување на и досега завидното ниво на судење" - се наведува во дописот до јавноста од страна на АБА лигата.

Најново во Кошарка