ЧЕЛНИЦИТЕ НА ВТОРАТА АБА ЛИГА РЕШИЈА

АВ Охрид службено победи 20:0 против Босна

Гостите не успеаа да соберат играчи и воопшто не допатуваа во Македонија

објавено: 13 декември 2017 - 13:23

Екипата на АВ Охрид стигна до првата победа во АБА 2 лигата и тоа по службен пат. Челниците на регионалното натпреварување решија дека Охрид победи со службени 20:0 во дуелот против Босна. Тимот од Сараево воопшто не допатува на ова гостување, поради егзодусот на играчите. 

Поради финансиска криза, најголемиот дел од играчите на Босна си заминаа и клубот остана без кошаркари кои би требало да одиграат против Охрид. Дополнително Босна е казнета и со 5.000 евра парична казна. 

Најново во Кошарка