Го имаа кај себе, сега треба да платат висока сума

МЗТ го сака Мијатовиќ назад, кумановци им бараат отштета од 2 милиони денари

Крилниот центар Данило Мијатовиќ може да се пресели во редовите на МЗТ Скопје, но само ако шампионот на Македонија му плати 2 милиони денари отштета на Куманово

објавено: 2 март 2017 - 20:05

Крилниот центар Данило Мијатовиќ може да се пресели во редовите на МЗТ Скопје, но само ако шампионот на Македонија му плати 2 милиони денари отштета на Куманово. Толку бараат кумановци за крилниот центар, кој минатото лето си замина токму од МЗТ Скопје во Куманово.

Шампионите го имаа во своите редови, а сега пак го бараат Мијатовиќ во обидот да ја одбраната титулата на домашна почва.Проблем за аеродромци е што Даниел Кларк бне ги оправда очекувањата, а дојде до спогодбен раскин на договорот и сега треба да се пополни празнината на позицијата крилен центар.

Покрај крилен центар, МЗТ Скопје ќе се обиде да ангажира и нов плејмејкер, како замена за повредениот Ван Острум. Преодниот рок трае до следниот петок.

Најново во Кошарка