ПРЕСВРТ НА СКОПСКИОТ ТИМ ВО ПОСЛЕДНАТА ЧЕТВРТИНА

„Соколите“ го прелетаа и Куманово

Карпош Соколи дојде до третата победа во домашниот шампионат, благодарение на добрата игра во последната четвртина на гостувањето кај Куманово славеше со 83-94.

објавено: 21 октомври 2017 - 21:12

Карпош Соколи дојде до третата победа во домашниот шампионат, благодарение на добрата игра во последната четвртина на гостувањето кај Куманово славеше со 83-94.

Домашниот тим беше подобар во првите три четвртини, во 25. минута имаше предност од 55-43, но потоа целосно падна. По негативата од 71-62, Карпош Соколи одигра фуриозно, последниот период го доби со 12-32 за нов триумф.

Дарко Соколов со 22 поени беше прв стрелец кај гостите, Делиќ постигна два поени помалку. Кај Куманово Миљковиќ имаше 19 поени, а Караџовски запиша 18 поени.

Најново во Кошарка