ШАМПИОНОТ ВО НОКДАУН, ДЕКЛАСИРАН ВО КАРПОШ

Во 48 часа „соколите“ сменија многу работи, и победија!

Со 34 дадени поени, предизвикувачот ја превзема „контролата“ во втората четвртина, и го доби вториот меч од серијата против МЗТ Скопје, која во петок навечер се враќа во Аеродром. Задоцнето „враќање“ на првакот, за пристоен пораз (104:93). 

објавено: 16 мај 2017 - 22:12

Погоди Игор Пенов со најавата по оној прв пораз на неговиот тим Карпош Соколи дека серијата, онаа финалната од плеј-офот против МЗТ Скопје, ќе потрае... Дека доаѓа редот на Карпош Соколи да биде подобар од МЗТ Скопје.
Неговите најава, или прогноза, се покажа како исклучително точна.
И по само нешто повеќе од 48. шаса, се сменија улогите во финалето.
Карпош Соколи ја превзема контролата,и тоа на каков, убедлив начин, затоа што во вториот меч од финалето ги симнаа насмевките на кошаркарите на МЗТ Скопје, видени на истекот на првите 40. минути од серијата која треба да го даде новиот првак.
Карпош Соколи – МЗТ Скопје 104:93 (26-26; 34-16; 21-14, 23-37)


МЗТ Скопје кој стартуваше со сите пет играчи од странство, имаше сосема солидно почетно водство од 10:3. Но доста брзо. По седум минути, работите дојдоа во егал 14:14, кој беше задржан се до истекот на првиот период.
Невообичаено ефикасен, од двете страни, 26:26, секако во однос на оној прв дуел одигран пред 48. часа на другата страна од Скопје, во СЦ „Јане Сандански".
Поразличне беше и пошетокот кај ударните сили под кошот на К. Соколи, Двоецот Трајковски и Лабовиќ отворија многу подобро, тоа беше видливо во играта на домашната екипа.
Впрочем Трајковски беше првиот играч, на двете страни, кој стигна до двоцифрен број на поени. Во десет минути репрезентативното крило на „соколите" реализирапе исто толку поени.
Тројката на Соколов и полагањето на Лабовиќ (десетти поен и за него), им донесе на домашните, дотогаш највисоки 36:30.

Предупредување за Анте Назор дека треба да ги собере играчите и да им каже како понатака.

Но не успеа Хрватот да најде соодветен одговор, затоа што Карпош Соколи го одржуваше тоа водство кое порасна и на осум поени 43:35, кое стоеше во 15. минута од играта.
Добра вест за „сино-белите" беше тоа што покрај Мијатовиќ почна да погодува и нивниот втор висок играч, Лалиќ. Хрватот (оној во игра) не даде "соколите" да одлетаат подалеку. Погоди за – 5, 38:43, па мораше да реагира и Драган Николиќ.
Но и тоа беше "краток блесок" на некој гостински играч.


„Карпошовци" продолжија во истиот, ефикасен ритам, па Зековиќ и Пери ја зголемија позитивата на двоцифрена. За првпат на мечот број 2, 53:40, како што покажуваше семафорот на 2:49 до големиот одмор.
Зборот „одбрана" за МЗТ Скопје и како да не постоеше во втората четвртина. Како илустрација плус, поените на трагичарот од пред два дена, Мавра, беа дури 57. по ред за 18. минути. Да биде уште полошо за шампионот, се погрижи Соколов, со тројка за комплетирање на феноменалната четвртина, и убедливи 60:42 за Карпош Соколи на одморот.


„Предизвикувачот" не попушти ниту по оние 15 минути. Со четири поени стигна и до плус од 22 поени, 64:42.
И тоа како да ги опушти, макар и за кратко, избраниците на Николиќ, уследи серија од осум поени по ред на МЗТ Скопје, по која првакот, пет пати по ред, „се симна" на прифатлив минус, 50:64. Но ги „пресече" тројката на Пери, по која беше 69:50.
За дополнителна нервоза кај „металците", која кулминираше со нервозна реакција на Мијатовиќ, и техничка грешка, за ново одвојување на разликата, онаа од полувремето 75:56.


Серијата траеше и понатаму, стигна и до 12-0 во корист на домашната екипа која по три четвртини беше веќе далеку, на недостижни 81:56.

Оние преостанати минути се претворија само во една „подготовка“ за она што следува веќе во петок навечер, иако „аеродромци“„ се изборија за пристоен, пораз. Имаа извонреден „камбек“, дојдоа и на - 6 (91:85), но некако доцна „запалија“.

Немаа доволен број на секунди да го направат оној меч број 2 и драматичен

Оној третиот ќе се игра одново во Аеродром, повторно во СЦ „Јане Сандански“, каде МЗТ Скопје треба да ја брани предноста на домашниот терен, и титулата, се разбира. 

 

 

 

Најново во Кошарка