МВП ОД ЕВРОБАСКЕТОТ НЕ ЧЕКАШЕ МНОГУ

Драгиќ го „возврати ударот“ кон мајката на Дражен Петровиќ (Видео)

Откако доби дрес од легендарниот Дражен, Горан на мајката Бисерка и подари дрес со бројот 3 од словенечката репрезентација

објавено: 21 септември 2017 - 08:24

Горан Драгиќ е новиот спортски херој во Словенија. Тој е играчот кој е најзаслужен што Словенија стигна до историското злато на кошаркарското Европско првенство. Воодушевена од игрите на драгиќ беше и мајката на легендарниот хрватски кошаркар, Дражен Петровиќ, тетка Бисерка. 

Мајката на Дражен реши да му подари дрес со бројот 3, од Петровиќ. Драгиќ беше воодушевен од овој потег, па дури и заплаче од среќа. 

Словенецот не чекаше долго за да се оддолжи. Драгиќ реши да и поклони дрес на Бисерка Петровиќ и тоа со бројот 3 од словенечката репрезентација. Мајката на Дражен беше пријатно изненадена од поклонот и рече дека место за дресот ќе има веднаш до дресовите на Мајкл Џордан и Стеф Кари. 

Погледнете го видеото од средбата на Горан Драгиќ со мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка. 

Најново во Кошарка