Богдановиќ го предводи најдобриот тим во Евролига

Евролига ја објави најдобрата прва и втора петорка за оваа сезона во најелитното европско клупско натпреварување. 

објавено: 11 мај 2017 - 19:30

Евролига ја објави најдобрата прва и втора петорка за оваа сезона во најелитното европско клупско натпреварување. Првата петорка ја формираа двајца кошаркари на Фенербахче, Богдан Богдановиќ и Екпе Јудо, Серхио Љуљ (Реал Мадрид), Јоргос Принтезис (Олимпијакос) и Нандо де Коло (ЦСКА).

Во втората петорка се Милош Теодосиќ (ЦСКА), Бред Вонамејкер (Дарушафака), Николо Мели (Бамберг), Брајант Данстон (Ефес) и Густаво Ајон (Реал).

Фајнл-форот во Евролигата се игра од 19-21 мај во Истанбул, а нашиот Перо Антиќ ќе има шанса да дојде по третпат да стане шампион. Неговиот Фенербахче во полуфиналето ќе се сретне со Реал Мадрид.

Најново во Кошарка