СРПСКИОТ СЕЛЕКТОР НЕЗАДОВОЛЕН:

Ѓорѓевиќ: ФИБА прави вештачка хиерархија

„Сале национале" истакнува дека со „новите прозорци" за квалификациите за Мундијалот 2019, Светската федерација сака да го наруши оној постечки ред во светската кошарка...

објавено: 19 јуни 2017 - 16:17

Нема многу задоволство, тоа беше одамна јасно, откако ФИБА одлучи да воведе и светски квалификации, и дека за тоа е потребен одреден временски простор во кој треба да се најдат дури шест „патни станици". Или како што народски се наречени шест „прозорци" во кои играчите од клупскиот, среде сезона, ќе треба да се префрлат на еден друг терен – оној репрезентативниот.

Момент со кој воопшто не се согласува ниту еден од најповиканите, селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ.

„Факт е дека се менува хиерархијата на репрезентациите затоа што најдобрите нема да добијат шанса да играат, што значи дека Шпанија, Франција и Србија нема да бидат во најсилниот состав. Која е тука целта на ФИБА, и каква кошарка се претставува? Се менуваат принципите на селектирање на екипите" - смета „Сале национале".

Српскиот селектор, истакнува дека токму ФИБА наметнува вакви работи.

„Селекциите кои немаат многу играчи во Евролигата и НБА сега добиваат поголема шанса да ги изненадат фаворитите. Но, сигурно е и тоа дека не може од Молдавија да се направи велесила, иако јас лично го имам сиот респект спрема сите"- наведува Ѓорѓевиќ.

Српскиот стручњак, кој сега е на кормилото на минхенски Баерн, дополнува дека на состанокот на „ЕЦА", планиран на 23-24 јуни, ќе стане појасно дали право на настап во квалификациите за Мундијалот во Кина во 2019 година, ќе имаат и играчи од клубовите пријавени во Еврокупот.

Најново во Кошарка