ВО ПРЕСРЕТ НА ФАЈНЛ-ФОР ТУРНИРОТ ВО ЕВРОЛИГАТА

НЕРЕДИ ВО ИСТАНБУЛ: Турци и Грци добитна комбинација за тепачки (Видео)

Бркотница по улиците на Истанбул, меѓу навивачите на Фенербахче и Олимпијакос

објавено: 19 мај 2017 - 17:31

Фајнл-фор турнирот во Истанбул имаше хулиганска предигра. На улиците на Истанбул се степаа навивачи на турскиот Фенербахче и грчките симпатизери на Олимпијакос. Нетрпеливоста меѓу навивачите од овие две земји е веќе присутна со години, па каде и да се најдат заедно, речиси секогаш има големи нереди. 

Според пишувањата, се работи за организиран напад на турските навивачи врз симпатизерите од Грција. Запалени факели и метални прачки биле користени, а засега не се знае дали има повредени. Полицијата дефинитивно ќе има многу работа овие денови во Истанбул. 

Олимпијакос игра против ЦСКА во 17:30 часот, а Фенербахче од 20:30 часот ќе игра против Реал Мадрид. 

 

Најново во Кошарка