СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ОЛИМПИЈАКОС СО „ОТВОРЕН ГАРД":

Сами против сите, и во Европа и во Грција!

Браќата Ангелопулос го слават пласманот на својот тим во финалето на Евролигата и порачуваат: „Видовте со што и против кого мораме да се бориме"

објавено: 20 мај 2017 - 20:50

По четвртти пат од четврттиот обид во оваа деценија Олимпијакос се пласираше во финалето на „фајнал-форот" од Евролигата.

Со возбудливата победа над ЦСКА, извојувана во драматична завршница, пирејците влегоа во својот четвртти меч за титулата во последните шест години.

Или го задржаа континуитетот каков што нема ниту една друга европска екипа.
После натпреварот во „Синан Ердем" арената во Истанбул, сопствениците на клубот од Пиреја, со доста емоции разговараа со претставниците на медиумите од земјата која е наш јужен сосед.

„Беше неверојатно тежок натпревар. И мислам дека ова е еден од најдобрите моменти во историјата на клубот, макар што во овој момент не можеме да го измериме сето тоа. Што се однесува до натпреварот, и она што можевте да го видите, ќе кажеме само една работа, дека бевме сами против сите"- изјави Јоргос Ангелопулос.

Но тука не застана...

„Некои не го разбираат тоа, но мислам дека денеска можевме да заклучиме со што се соочуваме. Мораме да се натпреваруваме со милијардите. Имаме душа, имаме свој тим, и свои тајни за успех. Тоа значи дека сме против сите, и против секој, и во Грција и во Европа".

Неговиот брат, Панајотис, исто така говореше со одбрани зборови за овој Олимпијакос.

„Оваа екипа има хемија и тимска игра. Сите играчи го работат она што навистина го можат. Па дури и кога носителите не настапуваат онака како то можат, веднаш 'влетуваат' другите и го прават тоа што е потребно"- дополни Ангелопулос.

Големото финале на Евролигата, Фенербахче-Олимпијакос ќе биде одиграно во недела навечер од 20. часот.

Најново во Кошарка