ПИРЕЈЦИТЕ СЕ ВИСТИНСКА „НАГАЗНА МИНА"

Спанулис ја активираше, а Грин ја фрли „бомбата" кон „армејците"

Евролигата ќе има нов шампион. Најмногу поради тоа што оној стариот, ЦСКА, се сопна уште на стартот од финалниот турнир во Истанбул. Ги изненади Олимпијакос, победи со (82:78), доволно за место во големото финале

објавено: 19 мај 2017 - 20:02

Налетнаа „црвеноармејците" на една вистинска „нагазна мина“ наречена Олимпијакос. И експлодира „бомбата", Олимпијакос го активираше својот најголем адут, Василис Спанулис. Кога требаше, знаеше големиот мајстор Васили Спанулис како да го одведе својот тим во уште едно големо финале, и шанса, уште еднаш пирејците да стигна до евролигашкиот трон.

Иако беа во постојана и играчка и резултатска негатива, уште еднаш, по којзнае кој пат по ред, најдоа решение, па во недела навечер од 20. часот ќе се борат за најсјајниот европски кошаркарски пехар.
На „влезот" во последната минута од првото полувреме по третата тројка и 15. поен на Теодосиќ, ЦСКА имаше најголеми, 40:27. Но во тие четириесетина секунди од првиот дел, со иста мерка вратија Манцарис и Аграванис, доволно да го вратат Олимпијакос „назад во мечот".
Претходно, одлично функционираше најдобриот бековски тандем во Евролигата, Де коло-Теодосиќ. Испорачаа 25 поени од оние 40, на бранителот на трофејот, кој ја имаше контролата во текот на сите 20. минути.
Пред се во играта против Василис Спанулис кој реализираше само четири поени, (сите од линијата за слободни фрлања), па во прво поентерско име кај Пирејците се претвори Принтезис. Силното крило реализираше десет поени (и пет скока).
Ситуацијата не беше променета ниту по паузата. Грчкиот состав стигна до негатива од четири поени, пшто бешз знак за нивниот сонародник на клупата на ЦСКА, Димитрис Итудис во игра да го врати Теодосиќ. Србинот, во свој стил, ја разигра „армијата", и многу брзо, во 27. минута од играта, ЦСКА беше на двоцифрена разлика, 60:49.


Но по исто сценарио, како и во втората четвртина, Манццарис и Аграванис погодија уште по еднаш за три поени, па негативата на Олимпијакос на истекот на третата четвртина беше сведена на само четири поени, 60:64.
Тројките беа главното оружје на Олимпијакос, а во тој дел од играта веќе имаа реализирано 11 (Папаниколау и Манцарис по четири).
Долго време Спанулис беше „невидлив". Но се појави во вистински момент. Доволно за да ја шокира ЦСКА. Да ја погоди својата првата тројка (од шестиот обид), и во 39. минута да донесе „минималец" за Олимпијакокс, 74:73. Но не застана тука најдобриот играч на пирејците. Потоа „фрли" и еден „цепелин" кој Бирч го претвори во уште поголеми 76:73. Ги стигна Теодосиќ, со тројката за 76:76.
Но потегот на ова полуфинале го имаше Грин. Како и поинаку, ако не со тројка на истек од нападот. Или 14 за „црвено-белите" (од 33 обиди), за 79:76, кои Теодосиќ не ги симна, па победата, на огромно изненадување остана за Олимпијакос.

 

Најново во Кошарка