ОТКАКО ВИДЕ КАКВА ГЛУПОСТ НАПРАВИ

ФИБА ќе дозволи најдобрите играчи да играат во квалификациите

Планот е да се поместат термините за квалификациите, како би можеле селекциите да ги имаат сите играчи на располагање

објавено: 13 декември 2017 - 15:50

По само две одиграни кола во квалификациите за СП во Кина 2019 година, ФИБА сфати дека направи грешка, бидејќи термините да играње се во текот на натпреварувачката сезона и не дозволува најдобрите играчи да бидат со националните тимови. 

Тоа значи дека ФИБА е подготвена да ги задоволи барањата на Евролигата, но и на репрезентациите кои сакаат да бидат во најсилните состави. Според новиот план, квалификациите би се играле во јули, по завршување на сезоната. Потоа август ќе остане слободен за играчите, а потоа играчите ќе започнат да се подготвуваат за новата сезона.

Сепак, засега нема официјална потврда од ФИБА за оваа промена на календарот. 

Најново во Кошарка