ИАКО СЕЗОНАВА СО ФЕНЕРБАХЧЕ ОСВОИ ТРИ ТИТУЛИ НА ТЕРЕНОТ

Антиќ дома има три уште повредни трофеи

Кошаркарската сезона во Европа заврши и сега е време кога нашиот најдобар кошаркар ужива во друштво на своите синови

објавено: 18 јуни 2017 - 15:25

Перо Антиќ имаше една од најдобрите сезони во кариерата. Неговиот фенербахче доминираше на сите полиња. Македонскиот центар ја започна сезоната со трофеј во Претседателскиот куп на Турција, а ја заврши со уште повредни признанија.

Фенербахче и Антиќ се израдува на титулите во првенството на Турција и во Евролигата, што е најголем клупски успех.

И покрај трите трофеи кои ги освои, Антиќ може да се пофали со уште три повредни работи и тоа на „домашен терен“. По завршената сезона, Перо ужива во друштво на своите три синови. На социјалните мрежи се појави слика како тато Перо се дружи со Лука, Павел и Петар.

Најново во Кошарка