НЕСЕКОЈДНЕВНА МОЖНОСТ ЗА НАШИОТ ТАЛЕНТ

ЕДЕН НА ЕДЕН: Нено и Порзингис (ФОТО)

Додека се подготвува за следните предизвици, нашиот млад репрезентативец доби ексклузивна можност, да тренира со еден од најдобрите млади играчи во НБА лигата, Кристапс Порзингис.

објавено: 19 јуни 2017 - 11:08

Не може скоро секој ден, да си на исто место, на иста страна, на еден тренинг, со некој од најдобрите кошаркари на денешницата.

Една таква шанса му се отвори, а Ненад Димитријевиќ ја искористи максимално.
Во својата, односно салата на Хувентуд, во Бадалона, да одработи неколку тренинзи со веројатно идниот Ол-стар од редовите на Њујорк Никс, Кристапс Порзингис.

„Денеска имав шанса да тренирам со еден иден ол-стар играч. Станува збор за едне страшен 'работник', и сјајно момче. Благословен сум и благодарен за тоа. Да бидам заедно со Кристапс Порзингис" - напиша Македонецот на својот фејсбук-профил.

Инаку, Димитријевиќ и Порзингис ги „спојува" иста менаџерска куќа „Јуфрстспорт", а заеднички именител е и тренерот на „зелено-црните" од Бадалона, Диего Окампо кој е еден од оние кои имале свое „влијание" во играта на младиот Летонец кој престојот во предградието на Барселона го користи за подготовка за натпреварите кои следуваат оваа есен, оние на Евробаскетот.


Од друга страна пак Димитријевиќ очекува повик на нашиот селектор Јорданчо Давитков, да биде дел од претквалификациите за Светскиот Куп 2019 година во Кина.

Најново во Кошарка