МАКЕДОНСКО ДЕРБИ ВО ТУРЦИЈА

Финишот за Филиповски и Митев, Стојановски на десет поени

Ова коло во турскиот шампионат го одбележа дуелот на кој од една страна, онаа на Бујукчекмече, беше Војдан Стојановски, а од другата, онаа на Банвит, македонскиот тренерски двоец Сашо Филиповски – Боби Митев, кои го добија со одлична завршница (84:82)

објавено: 21 октомври 2017 - 21:20

Ова коло во турскиот шампионат го одбележа дуелот на кој од една страна, онаа на Бујукчекмече, беше Војдан Стојановски, а од другата, онаа на Банвит, македонскиот тренерски двоец Сашо Филиповски – Боби Митев, кои го добија со одлична завршница (84:82)

Нашиот репрезентативен капитен имаше важна улога во тимот на Бујукчемече на овој натпревар. По неговите две слободни фрлања домашната екипа го врати водството, кое на неполни четири минути пред крајот беше (75:73).
Но истанбулскиот тим имаше многу лоша завршница. Со серија (9-2), Банвит дојде до плус од пет поени (82:77), и го реши ова „наше дерби" во своја корист со (84:82).
Војдан Стојановски одигра нешто преку 17.минути. И притоа дојде до ефект од 10. поени (1/1 за три, 2/4 за два и 3/3 за еден поен) како и еден скок.

Најново во Кошарка