НАЈДОБРИОТ ИГРАЧ НА ЕВРОБАСКЕТОТ СО ГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ

МВП не ги сокри солзите: Го доби дресот на Дражен Петровиќ и заплаче (Видео)

Горан Драгиќ ја предводеше Словенија до историскиот успех и освојување на златниот медал

објавено: 20 септември 2017 - 08:00

Најдобриот играч на Европското кошаркарско првенство, Горан Драгиќ доби една голема чест. На простувањето од дресот со националните бои, доби еден голем подарок. Мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка, му подари дрес на Драгиќ, во сеќавање на еден од најдобрите кошаркари во европската историја. 

Драгиќ воопшто не го очекуваше овој потег, и со солзи во очите го прими дресот на НБА тимот на Њу Џерси нетс со бројот 3 и на грбот да стои презимето Петровиќ. 

„Ова е еден од најдрагите подароци кои ги имам добиено. Дражен беше мој идол. Најголемо благодарам на мајката Бисерка. Ми беше чест да го носам дресот со бројот 3 кој беше дрес и на Дражен и да го направам да биде горд. Почивај во мир“, емотивно изјави Драгиќ, кој игра за тимот на Мајами хит.

 

Најново во Кошарка