ДРАФТ ГРОЗНИЦА ЈА „ДРМА" НБА

Селтикс и Сиксерс спремаат спектакуларна размена

НБА драфтот ќе биде одржан на 22. јуни, а според последните информации во последен момент би можело да дојде до големи промени...

објавено: 17 јуни 2017 - 13:30

Не, нема да бидат во центарот на вниманието Голден Стејт и Кливленд, туку некои други клубови. За неполна недела, НБА ја чека уште едно „лудило" она наречено ДРАФТ, каде по правило им се дава голема шанса на оние најслабите.

За очекување е и ова лето главниот збор уште еднаш во едно време, да го имаат претставниците на Бостон, кои го имаат правото да бираат како први. Но и оние од Филаделфија кои го имаат третиот пик.
„ЕСПН" тврди дека челниците на овие два клуба ги започнале разговорите за евентуален трејд.


Сиксерс по секоја цена сакаат од првата позиција да го одберат Маркел Фулц, а на Селтикс за возврат би им го дале правото на трет пик и веројатно уште еден играч, или некој од пиковите од наредните драфт-избори.
Наводно, во Бостон немаат ништо против овој договор, а нивната крајна цел е во Масачусетс да го донесат кошаркарот на Канзас, Џош Џексон, кој според проценките би требало да биде трет пик, веднаш зад Фулц и Лонзо Бол.
Ситуацијата ја следат и Лејкерси, кои на 22 јуни ќе бираат вторит. Во клубот од Калифорнија „веќе виден" е токму Бол, меѓутоа медиумите пренесуваат дека на тренинзите во ЛА, Фулц го воодушевил претседателот на „езерџиите" Меџик Џонсон.
Се шпекулира и тоа дека клубот од „градот на анѓелите" би можел да го понуди својот втор пик од драфтот и Џулиус Рендал во замена за првиот пик на Филаделфија како би го ангажирале Фулц.
Што ќе биде од тоа, останува да се види, на 22. јуни.

Најново во Кошарка