ПОЛ ЏОРЏ ВЕЌЕ ГИ ОДЈАВИ ПЕЈСЕРС

Желба наречена Лејкерс

Ол-стар крилото ги информирал челниците на Индијана дека следното лето ќе го напушти клубот.

објавено: 19 јуни 2017 - 16:40

Пол Џорџ нема намера да го продолжи договорот кој го има со Индијана Пејсерс, и истекнува наредното лето.

Според некои медиуми од Индијанаполис, ол-стар крилото на Пејсерс наводно рекол дека сака да премине во редовите на ЛА Лејкерс.
Пред се затоа што следната година, како „слободен агент", може да потпише договор во траење од четири години, и тоа за сума од 130. милиони долари.


Веќе неколку сезони наназад, Џорџ се обидува да стигне до некој поголем резултат со тимот од Индијана. Но барем засега не успева во тоа. Освен учество во две финални конференциски серии, во моментов делува дека Пејсерс не се екипа која може да му се спротивстави на еден Кливленд, односно Леброн Џејмс.
Дваесет и седумгодишниот Џорџ беше избран како 10. пик на драфтото во 2010 година. И во досегашниот дел од кариерата помината во тимот од Индијанаполис, во просек реализира по 23.7 поени, 6.3 скока и 3.2 асистенции.

 

Најново во Кошарка