ДЕН КОЈ ГО ПАМЕТАТ КОШАРКАРСКИТЕ ВЉУБЕНИЦИ

ПОРАДИ ДРАЖЕН ЈА ЗАСАКАВМЕ КОШАРКАТА: И до денеска не престанавме да сонуваме! (ВИДЕО)

На денешен ден, на 22. октомври, во 1964 година, во Шибеник се роди Дражен Петровиќ.

објавено: 22 октомври 2017 - 09:30

„Уживав кога играм против Дражен. Голем играч. Не стравуваше, до крај беше сконцентриран. Борбен и самоуверен. Кога и да се соочевме одеше силно против мене, како и јас против него. Поинаку против Дражен не се можеше.

Нашите двобои секогаш беа максимални, до крај... Имаме неколку, за жал, тоа беа доста кратки. За кратко време остави голема трага. Без страв се 'пушти' кон НБА предизвикот, и им покажа на другите европјани како можат да успеат"...

Вака говореше Мајкл Џордан, најголемиот кошаркар на сите времиња додека во 1997 година, во Париз го примаше трофејот за најдобар играч на „Мекдоналдс" турнирот, а наречен по најдобриот европски играч кој се родил.
На денешен ден, на 22. октомври, во 1964 година, во Шибеник се роди Дражен Петровиќ.


Човекот кој успеа со само 29 години од својот живот длабоко да „влезе" во колективната свест на сите континенти.
Зад многу великани останува нивното огромно наследство, поради што и станале бесмртни.
А зад Дражен остана една нереална љубов спрема кошарката. Кој и да живеел во времето на Дражен и имаше чест и среќа да гледа како игра, не може и денеска со еднаква страст да ја обожува оваа прекрасна игра.


Насмевката на Дражен и среќата за она што го работеше, тоа за што беше роден, беа навистина заразни.
Дражен нè инфицираше со кошарката, поради него ја засакавме играта под обрачите, а и ден-денеска поради него не престануваме да сонуваме.
За кошарката и некои убави времиња чиј симбол беше токму тој – Дражен Петровиќ!
Никогаш Дражен не беше обичен спортист, само кошаркар. Дражен беше идол, како на децата, така и на возрасните. На сите, сите бевме „слаби" на него.



Беше жив доказ како вербата во самиот себе и сопствените домети, и фантастичната работа можат да ги надминат габаритите во кои „стои" еден исклучителен и суров талент.
Имаше и поголеми таленти од Дражен, можеби и подобри кошаркари, но момчето со „пуцвал коса" од Шибеник остана најголем.
Ако Американците паметат каде беа кога слушнаа дека е убиен Џон Ленон, Хрватите и другиот дел од овие простори сигурно го мразат оној 7. јуни 1993 година.

 

 

 

Најново во Кошарка