ПОЗНАТ ПОШИРОКИОТ СПИСОК

Антиќ и Мекејлеб повторно за Македонија

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков го објави поширокиот список за претквалификацискиот циклус за Светското првенство 2019 година. 

објавено: 20 јуни 2017 - 13:20

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков го објави поширокиот список за претквалификацискиот циклус за Светското првенство 2019 година. Новиот предводник на „црвено-жолтите" одлучи подготовките кои се закажани за утревечер во салата „Борис Трајковски" да ги започне со 24 кошаркари.

На списокот на Давитков се најдоа Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб и Ѓорѓи Чековски, но го нема Дамјан Стојановски. Поради повредата на коленото, препораката на лекарите е да не игра барем до септември, кога ќе му биде направена последната контрола. 

Нови имиња се Игор Пенов, Кристијан Николов, Бобан Стајиќ, Ненад Димитријевиќ, Михајло Митев,  Предраг Пајиќ  и Андреј Маслинко. Давитков ќе смета и на новиот Македонец, Џордан Теодор.

Сениорите ќе тренираат во Скопје сè до 3. јули, по што заминуваат во Маврово. 

На 10. и на 11. јули, репрезентацијата ќе ги одмери силите против Словачка, на гостински терен. На 15. јули Македонија ја пречекува Бугарија во Скопје. Потоа следи турнирот „Трофеј Македонија" кој ќе се одржи во Скопје. На 20. јули ќе игра со Португалија, ден подоцна против Холандија, а турнирот ќе биде затворен со натпревар против Босна и Херцеговина.

Последен пријателски натпревар на нашите најдобри репрезентативци во рамки на подготвителниот период ќе биде на 28. јули во Бугарија.

Првиот претквалификациски меч го играме на втори август, против Косово во Приштина, додека три дена подоцна ја пречекуваме Естонија на домашен терен. Во 3. коло, нашата репрезентација е слободна, по што на 12 август во Скопје игра со Косово, а последниот меч го играме на 16 август на гости со Естонија.
Во квалификациите за СП ќе се пласираат двете најдобри репрезентации. Квалификациите за Мундијалот почнуваат во ноември.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПРИЈАВЕНИ ВО ФИБА

1. Војдан Стојановски
2. Горјан Марковски
3. Бојан Трајковски
4. Александар Костоски
5. Марко Симоновски
6. Кирил Николовски
7. Бојан Крстевски
8. Марјан Јанески
9. Перо Антиќ
10. Стојан Ѓуроски
11. Игор Пенов
12. Владимир Брчков
13. Ненад Димитријевиќ
14. Бобан Стајиќ
15. Љубомир Младеновски
16. Кристијан Николов
17. Адем Мекиќ
18. Александар Штерјов
19. Предраг Пајиќ
20. Андреј Маслинко
21. Ѓорѓи Чековски
22. Михајло Митев
23. Џордан Теодор
24. Лестер Бо Мекејлеб

Најново во Кошарка