ПОРАДИ ФИНАНСИСКИ ПРОБЛЕМИ

Босанците нѐ откачија за „Трофеј Македонија“

Поради финансиски проблеми репрезентацијата на Босна и Херцеговина нема да настапува на “Трофеј Македонија“. Но, ова не е единствениот проблем, под знак прашлник е настапот на претквалификациите за Светското првенство. 

објавено: 12 јули 2017 - 10:37

Поради финансиски проблеми репрезентацијата на Босна и Херцеговина го откажа настапот на "Трофеј Македонија", кој ќе се игра од 20 до 22 јули во Скопје. Од МКФ засега нема информација дали веќе е најдена замена за Босанците или дали станува збор за шпекулација. На меѓународниот турнир учество ќе земат уште и Холандија и Португалија. 

Но, ова не е единствениот проблем за Душко Вујошевиќ и неговите избраници, под знак прашлник е настапот на претквалификациите за Светското првенство, пишуваат босанаските медиуми. Дали Босанците ќе се борат за место во квалификациите за СП и ЕП, останува да биде познато во наредниот период. 

 

Најново во Кошарка