ПРВАТА ФАЗА ОД ПОДГОТОВКИТЕ Е ЗАВРШЕНА

Чао Маврово, следна дестинација е Братислава

Македонската кошаркарска репрезентација по шестдневен престој во Маврово, вечерва се враќа во Скопје.  

објавено: 8 јули 2017 - 14:40

Македонската кошаркарска репрезентација по шестдневен престој во Маврово, вечерва се враќа во Скопје. Селекторот, Јорданчо Давитков и неговите избраници во изминатиот период работеа комбинирано, дел од тренинзите беа посветени на подигање на физичката подготвеност, дел на тактиката. 

Од четвртокот националниот тим е комплетен, се приклучи новиот натурализиран Македонец, Џордан Теодор, кој пак ќе има доволно време да се вклопи во замислите на Давитков и да се запознае со останатите играчи.  

Утрешниот ден, најверојатно, ќе биде слободен ден, а в понеделник „црвено-жолтите“ заминуваат за Братислава, каде што во вторник и в среда ќе одиграат две пријателски средби со Словачка. Ова ќе бидат првите проверки на формата во подготвителниот период за претквалификациските мечеви за Светскиот Куп 2019 годиина.

 

Најново во Кошарка