БРОЈКАТА ВО НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ ПАДНА НА 12

Давитков остана без уште еден кошаркар

Селекторот на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков, во продолжение на подготовките за претквалификациите за Светскиот Куп 2019 на располагање ќе само 12 кошаркари. 

објавено: 17 јули 2017 - 08:30

Бројката на кошаркари во националниот тим од 17 „падна“ на само 12. „Спортмедиа“ дознава дека селекторот, Јорданчо Давитков во продолжение на подготовките за претквалификациите за Светскиот Куп нема да може да смета на услугите на Игор Пенов. 

Кошаркарот кој минатата сезона беше капитен на Карпош Соколи во договор со Давитков одлучил да ја напушти репрезентацијата. Пенов кој за првпат се најде на поширокиот список на националниот тим, доби шанса само на првиот дуел против Словачка, додека на мечот против Бугарија не влезе во игра. 

По мечот со Бугарите, селекторот најави дека Пенов го планира за специјални задачи во репрезентацијата, но најверојатно неговата „мисија“ заврши порано.

По завршување на подготовките во Маврово, предводникот на „црвено-жолтите“ им се заблагодари на Пајиќ, Марковски и Штерјов, а додека поради повреда во претквалификациите нема да настапи ниту Стајиќ. 

 

 

Најново во Кошарка