ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ЕКСКЛУЗИВНАТА НАЈАВА НА „СПОРТМЕДИА“

Дејвид Пик тврди: Џордан Теодор добил македонски пасош

Овој 183 сантиметри висок кошаркар важи за прв играч на тимот од Бандирма, за што сведочи и титулата за МВП на Купот на Турција кој пред неколку месеци го освои со Банвит.

објавено: 17 мај 2017 - 12:46

Она што уште пред точно два месеци го најави „Спортмедиа“, дека Џордан Теодор важи како еден од топ фаворитите да земе македонска патна исправа, сега е потврдено од страна на уште еден битен фактор во европската кошарка.

Еден од најпознатите кошаркарски „менаџери“, Дејвид Пик, на својот твитер профил вели дека најкорисниот играч на финалниот турнир на Лигата на Шампините одигран пред извесно време на Тенерифе и официјално го добил пасошот на Република Македонија. И дека истото му го потврдиле неколку извори.

Освен тоа Пик постаавува и прашање зошто му е потребно нешто вакво во кариерата, а како одговор дава можноста актуелниот играч на Банвит во следната година да заигра во некоја екипа од Евролигата, и тоа како „европеец“, а не како досега, како државјанин на САД. 

 

Џордан Теодор е роден 1989 година во Њу Џерси, а кошаркарската школа ја поминал како студент и играч на познатиот Универзитет Сетон Хол, каде во сениорската сезона имал просек од 16.1 поени и 6.6 асистенции. Професионалната кариера Теодор ја почнува на 15. јули 2012 година како играч на турската Анталија. Наредната сезона потпишува договор со загрепска Цедевита, но за кратко, затоа што беше отпуштен, па сатисфакцијата ја побарал во профи лигата на Порторико.

Една година подоцна овој исклучителен „комбо-бек" се враќа во Турција, но како играч на Мерсин. Но и таму не остана долго, патот го води во Франција, каде е дел од екипата Бург Д Брес. Но и таму се задржува доста кратко, нецели шест месеци. Сезоната 2015/2016 ја одигра како кошаркар на германскиот Франкфурт Скајлајнерс.
Од 28. јули, 2016 година е член на турскиот Банвит, каде во улога на асистент е Боби Митев, а прв тренер, уште еден Македонец, Сашо Филиповски.


Овој 183 сантиметри висок кошаркар важи за прв играч на тимот од Бандирма, за што сведочи и титулата за МВП на Купот на Турција кој пред неколку месеци го освои со Банвит.
А во оваа сезона, како дел од ФИБА Лигата на Шампионите, Теодор комплетираше просек од 15.9 поени, 7.7 асистенции и 3.7 скока по натпревар.

Во август, односно во септември, селекторот Јоданчо Давитков и сеекцијата на Македонија ја очекуваат нималку наивни претквалификации. Односно четири мечеви против селекциите на Естонија и на Косово, а во обид да се премине во оној главен, квалификциски сегмент во кој како по некое правило во изминатите осум-девет години македонските сениори беа составен дел.

Помошта од еден вака квалитетен кошаркар би била и повеќе од драгоцена. 

Најново во Кошарка