ПРОТИВНИКОТ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ТРГНА СО ПОРАЗ

ДЕКЛАСИРАНИ НА ПРВИОТ ТЕСТ: Австрија покажа дека Косово е „гола вода“

Првиот противник на македонската репрезентација во претквалификациите за Светското првенство 2019 со пораз ги отвори контролните натпревари, откако на гостувањето кај Австрија беше поразен со 74-49.

објавено: 16 јули 2017 - 10:59

Првиот тест за Косово мина многу лошо. Првиот противник на македонската репрезентација во претквалификациите за Светското првенство 2019 беше убедливо поразен на гостувањето кај Австрија со 74-49. 

Од скромните информации до кои успеавме да дојдеме кошаркарите на Косово се држеле до 18. минута (29-22), по што домаќинот целосно доминирал на теренот. На полувремето Австрија имала позитива од 32-22. Избраниците на селекторот, Бред Гринберг покажаа слабост и во одбраната и во нападот. 

На официјалната страница на косовската федерација немаше ниту стрелци, ниту пак извештај за овој меч. 

 

 

Најново во Кошарка