ПО ДЕБИТО НА АМЕРИКАНЕЦОТ НА МАКЕДОНСКИ ПАРКЕТ

Џордан Теодор: Верувам дека ќе бидеме одличен тим

Натурализираниот Македонец одигра одлично и заврши со 15 поени во дуелот против Бугарија

објавено: 15 јули 2017 - 22:36

Новиот македонски репрезентативец Џордан Теодор дебитираше пред македонската публика. На мечот во „Борис Трајковски“ покажа дека ќе биде еден од лидерите на теренот. На крајот, Теодор заврши со 15 поени, но воопшто не играше во последната четвртина, откако незгодно ја свитка ногата.

„Прв пат ми е тука. Бев малку нервозен. Не реализирав неколку слободни фрлања. Ова беше прв од многуте мечеви тука. Едвај чекам следен натпревар. Имаме уште многу да работиме. Имаме добри играчи, добри шутери. Верувам дека ќе бидеме одличен тим. Уште е рано, уште е почеток, уште се запознаваме. Ни треба време. Што се однесува до ногата, лошо згазнав, но се е добро, ќе бидам во ред“- рече Џордан Теодрор веднаш по победата (80:70) над Бугарија. 

Најново во Кошарка