ПОТВРДЕНИ ГОСТИТЕ НА ТУРНИРОТ

Холандија, БиХ и Португалија ќе играат на „Трофеј Македонија“

Дуелите ќе се играат од четврток до сабота во „ВИП арената“, а влезот ќе биде бесплатен

објавено: 17 јули 2017 - 11:51

Македонската кошаркарска репрезентација од четврток па се до сабота ќе биде домаќин на „Трофеј Македонија“. Овој турнир ќе биде како добра подготовка за претстојните мечеви на „црвено-жолтите“ за Светскиот Куп. 

На овој турнир освен Македонија ќе учествуваат и селекциите на Холандија, БиХ и Португалија. Од Македонската кошаркарска репрезентација одлучија влезот во „ВИП арената“ да биде бесплатен. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
20. јули, 2017 година (четврток)
18:00 часот Босна и Херцеговина – Холандија
20:30 часот МАКЕДОНИЈА - Португалија

21. јули, 2017 година (петок)
18:00 часот Португалија - Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија - МАКЕДОНИЈА

22. јули, 2017 година (сабота)
18:00 часот МАКЕДОНИЈА - Босна и Херцеговина
20:30 часот Холандија - Португалија

По завршување на „Трофеј Македонија“, избраниците на селекторот Јорданчо Давитков ќе одиграат пријателски меч и на гости во Бугарија, на 28 јули. 

Најново во Кошарка