ТАЖНА СЛИКА ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“, ГУБИМЕ ОД КОСОВО

Играме претквалификации, а како да сме на тренинг...

Едвај 200-300 љубители кои сеуште веруваа(т) во нашиот национален кошаркарски тим дојдоа да им дадат подршка на избраниците на Јорданчо Давитков во обидот да дојдат до првата победа во претквалификациите. Противник, селекцијата на Косово, онаа која ни го нанесе првиот пораз во ова натпреварување, нешто налик на „Б" Дивизија во европската репрезентативна кошарка.

објавено: 12 август 2017 - 21:20

Тажна слика во ВИП Арената „Борис Трајковски" во Скопје, а игра македонската сениорска репрезентација, некогаш четврта во Европа.

А сега се бори за да ги помине претквалификациите.
Едвај 200-300 љубители кои сеуште веруваа(т) во нашиот национален кошаркарски тим дојдоа да им дадат подршка на избраниците на Јорданчо Давитков во обидот да дојдат до првата победа во претквалификациите.
Противник, селекцијата на Косово, онаа која ни го нанесе првиот пораз во ова натпреварување, нешто налик на „Б" Дивизија во европската репрезентативна кошарка.
Стартувавме со хендикеп, дека мораме да ги совладаме соседите со разлика поголема од четири поени, или најмалку пет.
Имаше уште едно изненадување, го приреди селекторот Јорданчо Давитков кој го стави во стартните пет Љубомир Младеновски, Кошаркарот кој не доби ниту една секунда на претходните два меча.
Тоа не донесе позитивна промена, барем не во нападот, затоа што првите поени ги дадовме дури по три и пол минути од играта.
Но тоа беше само лошо „загревање", затоа што брзо се вративме со (8:5).
Теодор ја даде првата тројка за нас и водство од (11:7). Но не бевме подготвени да го надградиме, напротив. Му дозволивме на противникот да направи еден мини-пресврт, и да поведе со сосема солидни (22:17), кои во последниот напад во четвртината ги симна Стојановски, за минус три (19:22).
Почна да погодува Теодор, и по неговиот деветти поен, Македонија одново беше во предност, макар и минимална (28:27). Но немавме постојаност во играта за да тргнеме напред, кон посакуваната цел.

Косово знаеше да ги брани тие неколку поени предност, кои во 16.минута одново изнесуваа пет поени (34:29), кои ги баравме ние во овој меч. Гостите имаа по втор пат и плус 6, (37:31).

Но амбициозниот Младеновски и упорниот Костоски симнаа на поен негатива. 

На полувреме, Македонија - Косово 40-41...

 

 

 

Најново во Кошарка