ИАКО МЕДИУМСКИ ЦЕЛОСНО ЗАПОСТАВЕНИ ОД МАТИЧНАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Кадетките со нерешени 1-1 од „контролите" во Бугарија

Девојките кои ги предводи нашата легенда Стојна Вангеловска, а и помагаат Енвер Мифтари и Златко Мокров, го загубија првиот меч со резултат (46:74) Но затоа пак ги изненадија фаворизираните Бугарки на вториот, победија со (68:62),

објавено: 16 јули 2017 - 16:35

Кога веќе МКФ не може, или пак некој не сака да го прикаже тоа,. „Спортмедиа" сепак најде и време и начин да дојде и до резултатите на другите наши репрезентативни селекции.

Факт е дека во преден план" треба па и мора да биде сениорскиот национален тим, но во ова време, свои активности имаат и оние условно кажано „помали селекции".
Како на пример женската кадетска репрезентација на македонија.
Онаа до 16 години, која во изминатите два дена беше во Софија и одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Бугарија.


Девојките кои ги предводи нашата легенда Стојна Вангеловска, а и помагаат Енвер Мифтари и Златко Мокров, го загубија првиот меч со резултат (46:74) Но затоа пак ги изненадија фаворизираните Бугарки на вториот. Победија со (68:62), па со нерешен ефект се враќаат во Скопје каде ги чека следната проверка.
Медиумите во Бугарија го најавија гостувањето на нивниот женски кадетски состав на 19. јули во Скопје, и тоа во салата на СРЦ „Кале".
На страната на МКФ, онаа официјалната, таква најава (засега) нема.

Најново во Кошарка