НАШИТЕ ПРОТИВНИЦИ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СК

ЌЕ ИМАМЕ ПРОБЛЕМ СО ЕСТОНЦИТЕ: Му одржаа лекција на домаќинот на ЕП

Вториот противник на македонската репрезентација во претквалификациите за СК 2019, Естонија го забележа вториот триумф во подготовките. Избраниците на Тит Сок, овој пат ја совладаа Романија со 87-55. 

објавено: 16 јули 2017 - 15:15

Естонија фати ритам во подготвителните натпревари за претквалификациите за Светскиот Куп 2019 година. По Португалија, вториот противник на македонската репрезентација, ја совлада Романија со убедливи 87-55. За избраниците на предводникот на естонската селекција, Тит Сок ова е голем успех, особено ако се земе во предвид дека забележаа победа над една од земјите домаќин и воедно учесник на Европското првенство.

Тимската игра е главното оружје на Естонија, сите 12 кошаркари кои се најдоа на клупата, сите се запишаа во листата на стрелци. И одбраната засега е на завидно ниво, примија 55 поени и  имаат 14 украдени топки. Мечот го завршија со 23 асистенции и висок процент на реализација од поле (70 отсто).

Китсинг и Јоесар со по 12 поени беа најефикасни во редовите на Естонците, двоцифрен број на поени имаше Кедус (11).

Македонија и Естонија првиот натпревар во претквалификациите за СК го играат на 5 август во Скопје. 

Најново во Кошарка