ЗА ПРВАТА КОНТРОЛА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

МКФ ги отвори вратите за Бугарија

Македонската репрезентација утре го игра третиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за претквалификациите за СК 2019 година. Нов спаринг-партнер на кошаркарите е селекцијата на Бугарија, дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот е бесплатен.

објавено: 14 јули 2017 - 12:00

Македонската репрезентација утре го игра третиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за претквалификациите за СК 2019 година. Нов спаринг-партнер на кошаркарите е селекцијата на Бугарија, дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски", а влезот е бесплатен.

„В сабота (15. јули, 2017 година) играме против Бугарија. Натпреварот ќе биде одигран во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски" со почеток во 20 часот и 30 минути. Вратите ќе бидат отворени за сите љубители на спортот со портокаловата топка. Тие што нема да можат да го гледаат натпреварот од трибините ќе можат да го проследат на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ)“, стои во известувањето на официјалниот сајт на МКФ.

Најново во Кошарка