МЛАДИОТ ЦЕНТАР ЈА ИСКОРИСТИ ДОВЕРБАТА НА ДАВИТКОВ

МЛАДЕНОВСКИ: Горд сум на мојата игра, одиме во Естонија да победиме!

„Се виде од првиот момент се виде дека сме максимално мотивирани, знаевме дека сме подобри од Косово. Игравме како што треба“- изјави најпријатното изненадување на дуелот против Косово.

објавено: 12 август 2017 - 22:52

Љубомир Младеновски веројатно го одигра најдобриот меч во сениорската репрезентација на Македонија.

„Се виде од првиот момент се виде дека сме максимално мотивирани, знаевме дека сме подобри од Косово. Игравме како што треба. Останува Естонија, видовме дека можеме да играме и со нив. Ние можеме да ги добиеме и на нивни терен како што тие не победија нас во Скопје. Горд сум што добив една ваква шанса од селекторот и што ја искористив"- истакна еден од најмладите играчи во нашата селекција кој оваа средба ја заврши со 12 поени и 7. скока, и заедно со Костоски, Стојановски и Теодор беше креатот на првата претквалификациска победа.

Најново во Кошарка