БИХ ГО ПОТВРДИ УЧЕСТВОТО НА „ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА“

Новинарите им прават „сопки“, Босанците доаѓаат во Скопје

Босна и Херцеговина сепак ќе учествува на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ и покрај тоа што тамошните медиуми објавија дека нивната репрезентација се соочува со финансиски проблеми. 

објавено: 12 јули 2017 - 14:47

Босна и Херцеговина сепак ќе учествува на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија" и покрај тоа што тамошните медиуми објавија дека нивната репрезентација се соочува со финансиски проблеми и најверојатно нема да настапи на претквалификациите за Светското првенство.

МКФ веднаш ги контактираше челниците на босанската федерација, кои пак потврдија дека ќе бидат гости во Скопје.

„Босна има проблем со новинарите, станува збор за шпекулации“, е краткиот коментар од МКФ.

„Трофеј Македонија“ ќе се игра во периодот од 20 до 22 јули, покрај репрезентацијата на БиХ, ќе учествуваат уште и Португалија и Холандија. 

Најново во Кошарка