ОДЛИЧНО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ И ПОБЕДА НАД КОСОВО

Останавме „живи", квалификацискиот сон трае...

Второ полувреме како што треба да играме постојано. „Трилингот" Костоски-Стојановски-Теодор, плус изненадувањето Младеновски, ни го донесе првиот триумф во претквалификациите, против Косово (87:74).

објавено: 12 август 2017 - 22:30

Конечно, победа...

Македонија успеа во обидот да биде подобра од Косово. Што е поважно со потребната разлика (поголема од четири поени), па пред псоледниот меч од овие претквалификации имаме појасна слика.
Ќе бидеме втори ако победиме во Естонија, или пка Естонија го победи Косво во Приштина. И ќе играме во квалификациите ако излезе тоа сценарио, кое силно го посакуваме.

Македонија – Косово 87:74 (19-22; 21-19; 23-13; 24-20)

Тажна слика, барм на почетокот, во ВИП Арената „Борис Трајковски" во Скопје, а играше македонската сениорска репрезентација, некогаш четврта во Европа. А сега се бори за да ги помине претквалификациите.
Едвај 200-300 љубители кои сеуште веруваа(т) во нашиот национален кошаркарски тим дојдоа да им дадат подршка на избраниците на Јорданчо Давитков во обидот да дојдат до првата победа во претквалификациите.
Противник, селекцијата на Косово, онаа која ни го нанесе првиот пораз во ова натпреварување, нешто налик на „Б" Дивизија во европската репрезентативна кошарка.
Стартувавме со хендикеп, дека мораме да ги совладаме соседите со разлика поголема од четири поени, или најмалку пет.


Имаше уште едно изненадување, го приреди селекторот Јорданчо Давитков кој го стави во стартните пет Љубомир Младеновски, Кошаркарот кој не доби ниту една секунда на претходните два меча.
Тоа не донесе позитивна промена, барем не во нападот, затоа што првите поени ги дадовме дури по три и пол минути од играта.
Но тоа беше само лошо „загревање", затоа што брзо се вративме со (8:5).
Теодор ја даде првата тројка за нас и водство од (11:7). Но не бевме подготвени да го надградиме, напротив. Му дозволивме на противникот да направи еден мини-пресврт, и да поведе со сосема солидни (22:17), кои во последниот напад во четвртината ги симна Стојановски, за минус три (19:22).


Почна да погодува Теодор, и по неговиот деветти поен, Македонија одново беше во предност, макар и минимална (28:27). Но немавме постојаност во играта за да тргнеме напред, кон посакуваната цел.
Косово знаеше да ги брани тие неколку поени предност, кои во 16.минута одново изнесуваа пет поени (34:29), кои ги баравме ние во овој меч. Гостите имаа по втор пат и плус 6, (37:31). Но амбициозниот Младеновски и упорниот Костоски симнаа на (40:41), за крај на промеливото прво полувреме во кое мног сакавме, малку реализиравме.


Одново шкрипеше во шутот, тројките ги немаше. Имавме само три (од 16 обиди). Во однот на дуелот со Приштина, добро скокавме, а да не беа оние три загубени топки на Чековски, ќе бевме скоро перфектни во таа „дисциплина".
Нашата игра заличе на потребната по големиот одмор, по кој „живна" и пибликата која ја имаше во нешто поголем број од онаа почетната.
Почнавме да играме како што треба. Да отвораме „контри", да погодуваме од надвор, и тоа даде резултат.
Дојдовме до пресвртот, толку очекуван. И пот е поважно, да имаме и двоцифрена позитива (55:45) во средишниот дел од третата четвртина. Доволно селекторот на гостите да го прекине тој наш налет со тајм-аут.


Успеа тој „блиц-криг" на Косоварите, кои со серија (9-2) се доближија, до (54:57). Но Костоски во свој стил, погоди за три, уште еднаш, по четвртти пат, за колку толку безбедни (60:54).
Беа уште повисоки откако Чековски додаде уште три поени, и буквално на истекот на третиот период донесе сосема солидни (63:54).
Младеновски донесе дефанзивен имплус, Теодор продолжи со оној офанзивниот, па на нешто повеќе од четири минути бевме на сосема пристојно, „двоцифрено растојание", (75:64).
Кога застана Костоски, Македонија го имаше капитенот Стојановси, кој ја врати двоцифрената предност, а сите дилеми ги симна, со забивање, Младеновски, колку да му (по) каже на Давитков дека ги заслужува сите овие минути во кои даде сериозна подршка на „трилингот" Стојановски-Костоски-Теодор.
Теодор застана на од него очекувани 24 поени, Костоски имапе 16, Стојановски 14, а сето тоа го надгради Младеновски, со 12. поени и 7. Скока.

 

Најново во Кошарка