ЈОРДАНЧО ДАВИТКО РЕАЛНО ПО ПРВИОТ УСПЕХ

Остануваме во игра, одиме во Естонија да се обидеме, да победиме

објавено: 12 август 2017 - 22:44

„Се извинувам за минатиот пат, моја грешка, што не стигнав на прес-конференцијата“...

Вака ја почна прес-конференцијата Јорданчо Давитков, по победата над Косво (87:74, прва за Македонија во претквалификациите. И доволна да останен во игра за квалификациите.

„Ова беше тежок натпревар, психички пред се. Тие се спремале, нивниот странец го донесоа, одличен играч, без оглед на тоа што бил повреден. И доста им помогна.

Имаа неколку чудни шутеви со 'степ-бек' и од табла. Во второто погодивме некои шутеви кои обично ги реализираме.  Се заедно заслужена победа. Одиме понатаму, на следниот меч на оној натпврар во Естонија кој одлучува за нас се. Со оваа победа остануваме во игра. Одиме во Естонија да се обидеме да победиме“-најави селекторот.

 

 

Најново во Кошарка