Нашата репрезентација ќе биде организатор на силен турнир

МКФ СО ПРЕМИЕРА: Македонија организатор на меѓународен турнир за жени

На турнирот во јуни покрај Македонија која е организатор, ќе играат и репрезентациите на Јапонија, Бугарија и Босна и Херцеговина

објавено: 10 мај 2017 - 12:06

Македонската кошаркарска федерација на Македонија на почетокот од јуни за првпат, ќе биде организатор на меѓународен турнир во женска конкуренција. Како што беше најавено со назначувањето на селекторот Марјан Лазовски, „црвено-жолтите" ќе имаат добри подготовки пред квалификациите за Евробаскетот 2019 година. Покрај Македонија, на ова мини натпреварување ќе учествуваат и репрезентациите на Бугарија, Јапонија и Босна и Херцеговина.

Средбите ќе се одиграат во три дена, а нашите девојки ќе отворат на втори јуни против источниот сосед.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
2. јуни, 2017 година
18:00 часот Босна и Херцеговина - Јапонија
20:00 часот Македонија - Бугарија

3. јуни, 2017 година
18:00 часот Бугарија – Босна и Херцеговина
20:00 часот Јапонија - Македонија

4. јуни, 2017 година
18:00 часот Бугарија - Јапонија
20:00 часот Македонија – Босна и Херцеговина

Најново во Кошарка