Вечерните термини резервирани за Македонија

Познати се сатниците за меѓународниот турнир, чиј домаќин е Скопје. Македонската женска репрезентација сите три натпревари ќе ги игра во вечeрен термин. 

објавено: 31 мај 2017 - 17:20

Познати се сатниците за меѓународниот турнир, чиј домаќин е Скопје. Македонската женска репрезентација сите три натпревари ќе ги игра во вечерниот термин. „Црвено-жолтите“ на стартот (петок) силите ќе ги одмери со Бугарија, а дуелот е закажан со почеток во 20 часот. Следниот ден, избраниците на селекторот, Марјан Лазаовски за противник ја имаат Јапонија, дуелот се игра еден час порано. Последниот ден е резервиран за Босна и Херцеговина. 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

2. јуни, 2017 година
18:00 часот Босна и Херцеговина - Јапонија
20:00 часот Македонија - Бугарија

3. јуни, 2017 година
17:00 часот Бугарија – Босна и Херцеговина
19:00 часот Јапонија - Македонија

4. јуни, 2017 година
18:00 часот Бугарија - Јапонија
20:00 часот Македонија – Босна и Херцеговина

Најново во Кошарка