И ТОА ГО ИМА ВО КОШАРКАТА

Водеа по првата четвртина, на крајот загубија со 76 разлика

Селекцијата на Албанија сега е во ранг со македонската репрезентација, а служи за подобрување на кош разликата на противниците

објавено: 19 август 2017 - 22:23

Холандија очекувано победи на гости кај Албанија и ги освои двата бода со кои ја осигура првата позиција во својата група. „Лалињата“ славеа убедливо со 113:37, но интересно беше тоа што по првата четвртина, фаворитот губеше. 

По првите 10 минути на теренот, Албанија имаше предност од 16:14. Сепак во следните 30 минути, како да постоеше само еден тим на теренот. Во следните три четвртини гостите беа убедливи и ги добија со 30:8, 35:5 и 34:8, па на крајот на семафорот стоеше 113:37 за Холандија, односно победа од дури 76 поени разлика. 

Најново во Кошарка