Најпознатата лига ќе претрпи големи промени

Брегзит ќе „удри“ по Премиерлигата

Најсилната фудбалска лига ќе претрпи големи последици поради заминувањето на Британија од Европската Унија и во голема мера ќе го изгуби квалитетот, но, и интересот

објавено: 29 март 2017 - 22:35

Англиската Премиерлига со години наназад го има приматот најдобро национално фудбалски првенство. Најголемите фудбалски ѕвезди се наоѓаат токму на овој дел од Островото, но, сето тоа би можело набргу да се промени. Британската влада од денеска и официјално ја започна процедурата за излегување од Европската Унија, позната како „Брегзит".

Од 2019. година сите играчи кои не се од Англија ќе бидат третирани како странци, тоа порано се однесуваше на фудбалерите надвор од Европската Унија, но, сега сите ќе мораат да извадат работна дозвола.

Таа се добива ако играч од држава која е во топ 10 на ФИФА ранг листата одигра најмалку 30 проценти од натпреварите изминативе две сезони, а што повеќе неговата репрезентација е послабо пласирана, тој процент мора да биде поголем.

Ако ова правило веќе важеше, тогаш Н'голо Канте, Ентони Марсијал или Ромеу Лукаку не би имале можност да бидат таму каде што се.

Минатогодишното истражување покажа дека 332 фудбалери во Премиер или во Чемпионшип лигата ќе „паднат" односно нема да ги исполнат стандардите да дојдат во Премиерлигата.

Сега и британските играчи кои играат во странство ќе бидат третирани како странци. На пример Герет Бејл ќе се води како фудбалер надвор од ЕУ во Реал Мадрид. Со оглед на тоа дека постојат ограничувања во Италија и Шпанија тоа би можело да биде проблем, иако Британците ретко заминуваат од островото.
Падот на фубтата дополнително ќе ја ослабе лигата, играчите ќе стануваат поскапи, а Англичаните тврдат дека тоа ќе ги охрабри тимовите да дадат шанса на домашните млади талентирани играчи. Но, постои и опасност дека тогаш парите од сопствениците ќе отидат во некои други земји.


Тоа имплицира намалување на интересот, најдобрите странци не доаѓаат, па ќе се одрази на ТВ договорите со кои англиските клубови се далеку пред сите и поради тоа доминираат на пазатор.

Ќе биде интересно да се проследи целата оваа ситуација која несомнено ќе го промени фудбалот на Островото.

Најново во Меѓународен Фудбал